Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро е за 28 сантиметри под просекот, денес е на кота од 693,29 м.н.в

Водостојот на Охридското Езеро е за 28 сантиметри под просекот, денес е на кота од 693,29 м.н.в

1 min read
Водостојот на Охридското Езеро е за 28 сантиметри под просекот, денес е на кота од 693,29 м.н.в

Охрид, 7. април 2025 (ИНПРЕС) – Проолжува да се зголемува водостојот на Охридското Езеро, но и понатаму е далеку од просечниот за овој период од годината.

Според денешните мерења на УХМР водостојот е на кота од 693,29 м.н.в што е за 28 сантиметри под просекот за овој месец (693,57 м.н.в) и 19 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 8 степени и е за 2,3 степени пониска од просечната.

Последнава седмица езерското ниво е покачено за 4 сантиметри, додека во изминативе две за 10 сантиметри.

Професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет во Скопје предвидуваат дека со продолжените врнежи можно е зголемување на нивото на Охридското Езеро.

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress продолжува рубриката „До кај сме“ каде секој ден објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Во Охрид денес променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Максималната температура ќе се искачи до 5. степени.

– Денеска ќе дува засилен северен ветер (над 70 km/h), а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous ЈП „Водовод“ Охрид: Водата во и околу мерно место село Велгошти е исправна за пиење
Next Мицкоски очекува корегирање на одлуката за царините од САД: Се работи за грешка или погрешна информација

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.