Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Детската куклена претстава „Застани, погледни, па на пешачки премини” вечерва во Ohrid Mall

Детската куклена претстава „Застани, погледни, па на пешачки премини” вечерва во Ohrid Mall

1 min read
Детската куклена претстава „Застани, погледни, па на пешачки премини” вечерва во Ohrid Mall

Охрид, 7. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва ќе се одигра детската куклена претстава „Застани, погледни, па на пешачки премини”, во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“.

Она што нѐ наведе да ја обработиме оваа тема се честите сообраќајните незгоди, кои не ретко вклучуваат и деца како пешаци, велосипедисти или патници, велат организаторите.

– Претставата има за цел преку театарско-едукативен пристап, пропратен со забава, хумор, песни и игри, да ги научи децата на основните сообраќајни правила: како се преминува улица,  препознавање на знаци и сигнализација, безбедно однесување со велосипед/тротинет и сузбивање на стравовите и грешната перцепција за сообраќајната полиција. Оваа е продолжение на куклената претстава „Другарство“. Креирањето на нова претстава со истите урнебесни ликови, дополнително ќе помогне при обработувањето на оваа исклучително важна тема – сообраќаен бон – тон, додаваат организаторите.

Почетокот на претставата е во 19:00 часот во Трговскиот центар Ohrid Mall . (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридски каратисти дел од македонската репрезентација на Балканско првенство во Хрватска
Next Утре хуманитарен планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.