Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Езерскиот водостој цели 34 сантиметри под мартовскиот просек

Езерскиот водостој цели 34 сантиметри под мартовскиот просек

1 min read
Езерскиот водостој цели 34 сантиметри под мартовскиот просек

Охрид, 3. март 2025 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму е далеку од просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,15 м.н.в, што е за 34 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,49 м.н.в) и само 5 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 7 степени и е за 0,6 степени пониска од просечната.

Од втората половина на јануари забележливо беше речиси секојдневно намалување на нивото на водата во Охридското Езеро, истото беше забележливо и во текот на февруари, а сега речиси две недели стагнира на кота од 693,15 м.н.в.

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress продолжува рубриката „До кај сме“ каде секој ден објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Во Охрид денес променливо облачно со услови за сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните до крајот на работната недела ќе бидат во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Од меѓународниот аеродром во Тирана може да се патува со електронски билет
Next Предавање на тема „Дијабетично стапало, дијагноза и превенција“ денес во охридската библиотека

Слични вести

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје
1 min read

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.