Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Лани во Охрид се родиле 399 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Лани во Охрид се родиле 399 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

1 min read

Охрид, 12. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Минатата година во Охрид се регистрирани вкупно 399 живородени бебиња, покажуваат конечните податоци на Државниот завод за статистика.

Оваа бројка е за 28 помалку во однос на 2023 и за 15 помалку во однос на 2022 година.

Од новороденчињата 206 биле машки, а 193 женски. Според брачната состојба, 375 се добиени во брак, а 24 се вонбрачни.

Инаку Охрид и 2024 година, како и претходните три ја заврши со негативен природен прираст. По квартали, во првиот беше беше најголем, -73, а најмал во второто тромесечје кога беше -32.

Лани во Струга се евидентирани 475 (263 машки и 212 женски), а во Дебрца 30 (16 машки и 14 женски) живородени бебиња.

На државно ниво во 2024 година се родени вкупно 16.153 деца, од кои живородени се 16.061, а мртвородени 92. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.

Во 2024 година се регистрирани 12 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години. Вонбрачни живородени деца се 1.844 или 11.5 % од вкупниот број на живородените деца. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Синодот на МПЦ-ОА денеска го избира наследникот на владиката Тимотеј
Next Започнува ИПА вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“ и рекреативна вело тура Охрид-Струга-Радожда

Слични вести

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“ Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.