Булевар Туристичка Охрид
Охрид/Струга, 24. јули 2025 (ИНПРЕС) – На 24-ти јули 2025 година во 03:14 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.П. (23) од Струга.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота“ со струшки регистарски ознаки, што го управувал Д.П. и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,04 промили алкохол во крвта.
Тој веднаш е исклучен од сообраќај и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ИнПрес
