Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Младата Марија Спасовска ја промовира најновата тема „Забрането“

Младата Марија Спасовска ја промовира најновата тема „Забрането“

1 min read
Младата Марија Спасовска ја промовира најновата тема „Забрането“

Скопје, 6. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Младата Марија Спасовска, една од најнадежните и најперспективни македонски пејачки од новата генерација, по речиси една година пауза има нова песна насловена „Забрането“.

Својата лична авторска креативност младата пејачка ведета успеа да ја вткае во својата најнова песна. Провокативен наслов кој зборува за една приказна во која што тоа и кому му е забрането и дали забранетото всушност е најубаво и најслатко?
Песната неслучајно беше објавена вчера, 5-ти октомври, токму на роденденот на Марија Спасовска, која на својот YouTube канал премиерно ја емитуваше песната која заедно со видеото беше пуштена во интернет етерот, каде е достапна на сите стриминг платформи.
Инаку автор на музиката и стиховите е самата таа, додека за аранжманот се погрижил Иван Јованов – Ивајо. За песната е снимен и видеоспот, кој го потпишува Томислав Живковиќ.

Во периодот кој е зад неа младата пејачката беше посветена на студиите и факултетот во Солун. Заради отсуството од дома и академските обврски, разбирливо музиката беше на „стен бај“, но не и креативноста, па така Марија за време на летната пауза повторно е дел од второто продолжение на караван проектот „Македонијо, во срце те носиме“, каде со нејзината изведба ја возобнови познатата охридска песна „Ја излези стара мајко“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридското Езеро и понатаму под просечното месечно ниво, денес е на кота од 693,18 м.н.в
Next Гимназијалците рециклираат за нула отпад

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.