Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нивото на Охридското Езеро за 20 сантиметри под просекот за мај

Нивото на Охридското Езеро за 20 сантиметри под просекот за мај

1 min read
Нивото на Охридското Езеро за 20 сантиметри под просекот за мај

Охрид, 22. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму бележи значителен раст, но недоволно за да го достигне просечното за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) водат е на кота од 693,45 м.н.в што е за 20 сантиметри под просекот за овој месец (693,65 м.н.в) и 35 сантиметар над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 15,5 степени, за половина степен повисока од просечната.

Од почетокот на месецов водостојот е покачен за 7 сантиметри.

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress со месеци наназад ја објавувавме рубриката „До кај сме“ каде секој ден објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Денеска ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи, а во петок ќе дува засилен југозападен ветер. Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Црвен крст Охрид ги објави термините за обука по прва помош за пловни објекти
Next Точков: Секоја година сѐ помал интерес кај младите да се обучат за спасители на вода

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.