Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нова услуга на УЈП – електронско уверение за состојба на остварен доход

Нова услуга на УЈП – електронско уверение за состојба на остварен доход

1 min read

Скопје, 28. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Граѓаните во иднина ќе можат да добијат електронско уверение за состојбата на остварениот доход, документ кој им е потребен за остварување на стипендија, за засновање на работен однос, за социјална помош, за прием во социјална установа, па дури и кога се работи за посвојување на дете.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, дополни и дека ова електронско уверение ќе го прифаќаат и банките при одобрување на кредит, бидејќи институцијата е надлежна за прибирање на сите податоци за платите и другите примања, не само на вработените, туку и на хонорарците и фриленсерите.

– Ова е целосно бесконтактна услуга, заснована на вмрежување и размена на податоци меѓу системите во реално време, а резултатот е електронски документ кој ги исполнува сите стандарди – соопшти Петрова на брифинг со новинарите.

Услугата е достапна за сите граѓаните, вклучително и за странските лица, кои се регистрирани корисници на системот е-Даночни услуги (моменталната бројка е над 900 илјади лица). Во најголем дел од случаите услугата е ослободена од административна такса, а за определени цели се наплаќаат 100 денари, но процесот за плаќање е целосно интегриран во автоматската процедура.

– Оваа услуга досега траеше најмалку два часа, а сега ќе ослободи за други работни задачи околу триесетина вработени во УЈП. Просечниот број на издадени уверенија на шалтер на годишно ниво е околу 30.000 и за неа се трошеа 62.000 работни часа годишно – истакна Петрова. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous Детската претстава „Цепенков’N’Roll“ утре на репертоарот на Центарот за култура
Next Утре започнуваат Рамазанските пости

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.