Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Објавен Конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2025

Објавен Конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2025

1 min read

Струга, 10. април 2025 (ИНПРЕС) – Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со Europe House и со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, распиша конкурс за поетската награда „Млада Струга“ 2025 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор дебитант.

Може да учествуваат автори на возраст од 18 до 30 години, државјани на Република Македонија. Еден автор може да учествува само со една необјавена поетска збирка, а пријава поднесува исклучиво тој.

Минималниот обем на необјавената поетска збирка е 500 стихови, а максималниот 1 000 стихови.

Конкурсот трае заклучно со 30 април 2025 година, до кога сите пријави и необјавени поетски збирки треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, како и во електронска форма, според условите.

Пријавените необјавени поетски збирки ќе ги разгледа тричлена жири-комисија, а добитникот на наградата ќе биде објавен на 10 јуни 2025 година. Наградата вклучува плакета, паричен износ и објавување печатена публикација во рамките на изданијата на СВП. Добитникот на наградата ќе биде поканет да учествува на годинашното издание на „Струшките вечери на поезијата“ во Струга, кон крајот на август, каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Детската театарска претстава „Супер Вселенко и роденденската торта“ утре во ОУ „Св. Климент Охридски“
Next Денес се одржува регионалниот натпревар „Млади библиотекари“

Слични вести

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје
1 min read

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.