Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Околу 500 учесници беа дел од хуманитарната трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани”

Околу 500 учесници беа дел од хуманитарната трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани”

Околу 500 учесници беа дел од хуманитарната трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани”

Охрид, 7. мај 2025 (ИНПРЕС) – Околу 500 учесници, средношколци и граѓани, беа дел од хуманитарната трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани” што се одржа денес во Охрид.

Трката беше во должина од три километри, од почетокот на кејот пред „Харбор“ до „Куба Либре“. Учесниците трчаа во знак на поддршка на семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Меѓу учениците во машка конкуренција прв беше Петар Милески, втор Андреј Симоноски, а трет Ален Малик. Во женска конкуренција Лина Луканова беше прва, Сара Секулоска втора и Сара Цикуш трета.

Кај возрасните, кај мажите најдобар беше Александар Здравески, Александар Булески втор и Димитар Велјаноски трет. Кај дамите трката прва ја заврши Александра Маленко, втора беше Росана Пендик и трета Соња Стаматоска.

Додека траеше трката, по должината на кеј „Македонија“ беа поставени кутии за донации, а беа повикани сите хумани граѓани колку се во можност да се приклучат и со свој придонес да покажат сочувство и поддршка на семејствата во овие тешки моменти.

Хуманитарната трка беше во организација на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”, поддржана од ЈП „Билјанини извори“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Езерското ниво и понатаму под просекот за овој период од годината
Next Течат подготовките за матурската парада, ќе се одржи на 21-ви мај

Слични вести

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје
1 min read

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.