Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Стојанче Ангелов назначен за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Мухамет Али за прв човек на ЦУК

Стојанче Ангелов назначен за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Мухамет Али за прв човек на ЦУК

1 min read

Скопје, 27. мај 2025 (ИНПРЕС) – Стојанче Ангелов, поранешен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), од денеска, 27-ми мај е именуван за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Оваа промена, според објавата на Ангелов е резултат на претходен договор со премиерот Христијан Мицкоски.

Ангелов наведеува дека Дирекцијата за заштита и спасување подолго време се наоѓа во агонија. Покрај недостатокот на пилоти, постојат и проблеми со сервисот на ер тракторите.

– Во овој момент се уште нема ниту потпишани договори со тимовите за брз одговор, вклучително и со тимовите за гаснење на пожари на отворен простор. Воедно, некои од потенцијалните припадници на овие тимови ја немаат потребната опрема, обука и физичка подготвеност. Инспекцискиот надзор на противпожарната заштита е во исклучително лоша состојба, недостасуваат сериозен број на соодветно образовани и обучени инспектори, но постојат и сомнежи околу исправноста на дозволите кои ги издава Дирекцијата за заштита и спасување. Во моментов во ДЗС работат само неколку специјалисти за ракување со неексплодирани минско-експлозивни средства, додека отстранетите неексплодирани средства се чуваат на несоодветен начин.Постојат и други недостатоци и слабости за кои во следниот период јавноста дополнително ќе биде информирана, напиша Ангелов.


Во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа официјалната церемонија на примопредавање на должноста директор. Новоименуваниот директор, Мухамет Али, изрази благодарност за укажаната доверба и ја нагласи својата заложба за ефективно и ефикасно справување со кризните состојби. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре ќе се одржи 57. седница на Советот на Општина Охрид
Next Стојаноски: Интензивно се работи на санација на недостатоците во Центарот за култура, очекувам во текот на јуни зафатите да завршат

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.