Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Свет
  • Строги безбедносни мерки при посетата на Обама на Атина

Строги безбедносни мерки при посетата на Обама на Атина

1 min read

Атина, 15. ноември 2016 (ИНПРЕС) – Претставници на грчките и американските власти до доцна синоќа ги финализираа строгите безбедносни мерки за време на посетата на американскиот претседател Барак Обама на Атина.

Првите безбедносни мерки во грчкиот главен град се применуваат уште од вчера и ќе бидат зајакнати уште повеќе, при што американските агенти го имаат главниот збор во планирањето и организацијата, во соработка со грчката полиција.

Според американски извори, Обама пристигна со повеќе од 500 луѓе придружба и припадници на безбедносните сили, од кои повеќето веќе се во Грција. Во рамките на обезбедувањето има и голем број возила опремени со најнова електронска безбедносна опрема, како што се машини кои може да лоцираат и да неутрализираат бомби или да исклучат мобилни телефони и други електронски уреди.

Телохранителите на Обама ќе ги известуваат грчките служби за движењето на претседателот во последен момент, а неговата лична придружба и безбедносниот тим бројат околу 300 луѓе. Од грчката страна, во безбедносните мерки ќе учествуваат 4.500 полицајци, кои ќе го придружуваат претседателот на САД, ќе формираат кордон на патишта и ќе обезбедат други форми на заштита. (Крај)

извор: МИА/Локално фото: Newsbomb

Post navigation

Previous Во Црна Гора започнува Регионална школа за јавна администрација во земјите од Западен Балкан
Next Земјотрес во Грција, почувствуван во јужните делови на Македонија

Слични вести

Италија воведува регистарски таблички за електрични тротинети

Италија воведува регистарски таблички за електрични тротинети

Почнува изборот на наследникот на Фрањо, со векови не се случило новиот папа да се избере на првиот ден на конклавата Почнува изборот на наследникот на Фрањо, со векови не се случило новиот папа да се избере на првиот ден на конклавата

Почнува изборот на наследникот на Фрањо, со векови не се случило новиот папа да се избере на првиот ден на конклавата

Во Словенија казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома
1 min read

Во Словенија казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.