Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Алачкоска по изложбата „Огледало на Охрид“: Ова искуство ми донесе нова инспирација и желба уште повеќе да се развивам како уметник

Алачкоска по изложбата „Огледало на Охрид“: Ова искуство ми донесе нова инспирација и желба уште повеќе да се развивам како уметник

1 min read
Алачкоска по изложбата „Огледало на Охрид“: Ова искуство ми донесе нова инспирација и желба уште повеќе да се развивам како уметник

Охрид, 15. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Секој збор, коментар и секој поглед кон делата ми значат многу и ми даваат дополнителна мотивација да продолжам понатаму со уште поголема посветеност и љубов кон создавањето вели за InPress и Супер радио младата охриѓанка Стефанија Алачкоска по отворањето на нејзината прва самостојната изложба „Огледало на Охрид“.

– Изложбата за мене беше едно навистина посебно и незаборавно искуство кое ќе го паметам долго време. Многу сум среќна и искрено благодарна за огромниот интерес, убавите реакции и поддршката што ја добив од сите посетители. За мене претставува голема чест и задоволство што имав можност да ги претставам моите дела пред публика и да споделам дел од мојата уметничка работа и емоции со другите, вели Алачкоска.

Промотор на изложбата беше охридската уметница Јана Маркоска-Наумовска, која истакна дека уметничкиот израз на Стефанија најмногу се движи во рамките на реализмот и академскиот пристап кон цртањето и сликањето.

– Разгледувајќи ги изложените дела, лесно може да се забележи дека нејзината најголема инспирација е Охрид. Она што особено радува е разновидноста на мотивите и техниките. Од архитектура и пејзажи, преку портрети и фигурални композиции, до иконопис и цртежи со молив. Особено во делата изработени со молив може да се забележи нејзината способност за прецизно набљудување, чувството за пропорција, како и умешноста преку светлина и сенка да создаде длабочина, атмосфера и емоција, рече Маркоска-Наумовска.

Младата уметница Алачкоска потенцира дека ваквото искуство за неа носи нова енергија, инспирација и желба уште повеќе да се развива како уметник.

Во неодамнешното интервју за InPress и Супер радио истакна дека преку цртежите успева да забележи многу повеќе детали што обично остануваат незабележани. Образованието планира да го продолжи во Словенија, а на младите им порачува да го слушаат своето срце и да веруваат дека сè е можно.

Делата на Стефанија може да ги погледнете на нејзиниот профил наInstagram. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч

Слични вести

Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч

Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч

Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“ Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“

Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.