Охрид, 9. август 2023 (ИНПРЕС) – Своевремено беше еден од најголемите таленти во светот во својата генерација. Некогашниот пливачки ас, охриѓанецот Александар Маленко на неговиот профил на Facebook не потсети на далечната 1993 година, кога на денешен ден стана најмлад учесник во историјата на маратонското пливање во светот.
– На денешен ден, 9-ти август пред 30 години, во Охрид во 1993 година, на официјална трка од ФИНА Светски Куп во далечинско пливање на 30 километри, Македонија го доби најмладиот учесник во историја на маратонско пливање во светот. Александар Маленко, кој на возраст од 14 години ја преплива трката „Климе Савин“, од Охрид до Св. Наум со официјален резултат за најмлад пливач кој преплива официјална трка од Светски Куп во должина од 30 километри и ден денес, после 30 години, претставува Гинисов рекорд, се’ уште несоборен. Вие „експерти“ продолжете и понатаму со протежирање кон младите напредна рекреација и лажни спортски вредности, напиша Маленко.
Александар Маленко е поранешен пливач, кој се натпреваруваше за Македонија на Летните олимписки игри во 1996 и 2004 година.
извор: reporter.mk фото: reporter.mk

