Охрид, 2. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Младата охриѓанка Антица Николоска, ученик во ООМУ „Методи Патче“ освои трета награда на престижниот меѓународен натпревар „Тартини“ што деновиве се одржа во Пиран, Словенија.
-Во силна меѓународна конкуренција и под оценување на стручно меѓународно жири кое работи според високи професионални критериуми, Антица се истакна со својата музикалност, техничка подготвеност и уметнички израз, заслужувајќи забележително признание за својот настап, информираат од училиштето.
Додаваат дека овој успех е резултат на нејзината посветеност, упорна работа и љубов кон музиката, како и на професионалното водство на нејзиниот професор Мухамед Бајрам. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ООМУ „Методи Патче“
