Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • АППТ: Oчекувањата до 2025 година се значителен раст на македонскиот туризам и зголемување од 50% на ноќевања и гости од земјите од Отворен Балкан

АППТ: Oчекувањата до 2025 година се значителен раст на македонскиот туризам и зголемување од 50% на ноќевања и гости од земјите од Отворен Балкан

1 min read

Белград, 17. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година има значајна улога во презентација на македонските туристички потенцијали на саемот „Винска визија на Отворен Балкан” – Вино, храна и туризам, што до 19-ти ноември се одржува во Белград, Република Србија.

– Резултатите на Отворениот Балкан се видливи на полето од туризмот преку овогодишните постигнувања во туристичкиот сектор, кој е во раст не само помеѓу трите земји, Македонија, Србија и Албанија туку и поединечно споредбено со останатите земји во регионот и Европа. Македонскиот туристички сектор се повеќе се фокусира на промоција и понуда на eно- гастро концептот создавајки уникатни искуства во винските региони, семејните винарии и традиционалната храна. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во стратешкото планирање за следните две години предвиде повеќе проекти на ова поле, со патно означување на винските патишта, изработка на винска туристичка мапа и дигитални алатки преку кои ќе мотивираме повеќе туристи да дознаат за традицијата, историјата и македонските вина, потенцираше директорот на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски.

Овогодишната промоција на саемот „Винска визија на Отворен Балкан” од страна на АППТ покрај концептот базиран на новото туристичко лого „Taste Life” е збогатена со резбарскиот, филигранскиот занает како дел од историското и културното наследство, а техниките се презентираат од врвните мајстори на широката публика на оваа саемска манифестација.

Саемот „Винска визија на Отворен Балкан” е одлична можност за дополнителна промоција пред потенцијалните туристи од регионот и задржување на позитивните резултати од 2023 година и во наредниот период. Македонскиот туристички сектор во првите девет месеци од 2023 година оствари 2.700.000 ноќевања, конкретно учеството на српските ноќевања од вкупниот број странски туристички ноќевања остварени во државава е 10%, што е одличен показател за значењето на српскиот туристички пазар. Преостануваат уште три месеци од годинава за постигнување на целта од 3,2 милиони ноќевања и повеќе од 530 милиони долари туристички промет.

Концептот на Отворен Балкан е со реални можности за сите држави кои ја споделуваат оваа економска визија, која ќе создаде конкурентна дестинација во многу аспекти од туристичката индустрија. Агенцијата за туризам продолжува со туристичка соработка, реализација на информативни патувања, обележување и создавање на вински патишта, аплицирање на ИПА проекти, со фокусирана медиумска кампања и промоција на ено-гастро концептот во рамките на регионот, и очекува до 2025 година зголемување од 50% на гостите и ноќевањата од земјите на Отворен Балкан, се вели во соопштението на Агенцијата за туризам. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

Post navigation

Previous Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка за брза пруга од Ниш до Скопје
Next Ретко шкотско виски се продаде на аукција за рекордни 2,7 милиони долари

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.