Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Ареа со голем солистички концерт на 31 јули на Антички театар во Охрид

Ареа со голем солистички концерт на 31 јули на Антички театар во Охрид

1 min read
Ареа со голем солистички концерт на 31 јули на Антички театар во Охрид

Охрид, 27. мај 2026 (ИНПРЕС) – Една од најголемите македонски рок групи Ареа на 31. јули ќе го одржи својот голем летен концерт во живо, под  отворено небо, на Античкиот театар во Охрид, а во рамки на концертната програма на годинешниот S.O.S. Festival 2026.

Ружица, Ивица и екипата од бендот уште еднаш ќе ги отворат своите „Врати на имагинација“ за нивната многубројна публика и ќе ги изведат најпознатите хитови од својот богат музички опус како: „Сите мои слики“, „Пријател“, „Одведи ме“, „Биди мој“… но и сите останати парчиња од нивниот „ѓердан на музички скапоцености“ нанижан во повеќе од успешната тридецениска кариера.

Софистицираната, а сепак жестока концертна свирка, во која доминираат моќниот и  убедлив, специфичен вокал на Ружица и прецизните гитарски делници на Ивица, поддржани од цврстата ритам-секција, хармонската подлога на клавијатурите и дискретниот придружен вокал на Елена, настапот на Ареа го прават концертен перформанс со загарантирано уживање.

Особено кога нивнот концерт се одвива во уникатен културно-историски амбиент под ѕвездено небо каков што нуди Античкиот театар во Охрид, тогаш доживувањето е единствено. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Анастасија Стефановска и Филип Кузески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освоија трето место на Balkan Junior 2026 во Србија
Next Денеска отворен ден во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Слични вести

Гавриловски за InPress и Супер радио: Преку музичкиот фолклор и традиција заеднички создаваме автентичност и културен идентитет единствен во светот Гавриловски за InPress и Супер радио: Преку музичкиот фолклор и традиција заеднички создаваме автентичност и културен идентитет единствен во светот
1 min read

Гавриловски за InPress и Супер радио: Преку музичкиот фолклор и традиција заеднички создаваме автентичност и културен идентитет единствен во светот

Денеска отворен ден во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Денеска отворен ден во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Денеска отворен ден во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Анастасија Стефановска и Филип Кузески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освоија трето место на Balkan Junior 2026 во Србија Анастасија Стефановска и Филип Кузески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освоија трето место на Balkan Junior 2026 во Србија
1 min read

Анастасија Стефановска и Филип Кузески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освоија трето место на Balkan Junior 2026 во Србија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.