Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Атанасоски: Недозволиво е за Грција, како членка на ЕУ да ги ужива сите привилегии

Атанасоски: Недозволиво е за Грција, како членка на ЕУ да ги ужива сите привилегии


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје/Атина, 9. јули 2015 (ИНПРЕС) – Во врска со обраќање на Грчкиот Премиер, Алексис Ципрас, во Европскиот Парламент, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, изнесе став, дека последното обраќање на Грчкиот Премиер Алексис Ципрас е „ново продолжение на за него својствениот популизам“.

– Тој во своите настапи континуирано се обидува да ги задоволи своите сопартијци, да ја потхранува надежта кај Грчкиот народ дека е способен да обезбеди достоинствен договор, но во исто време сака да им се допадне на Европските лидери и кредитори, вели Атанасоски.

Македонската Алијанса смета дека е недозволиво за една земја членка на Европската Унија, како што е Грција, да ги ужива сите привилегии од полноправното членство тогаш кога и одговара, како во наметнатиот спор со Македонија, а тогаш кога треба да ги исполни обврските и долговите за децениските погрешни економски политики на нивните политички водства, да го напаѓа и да ја загрозува иднината на целото Европското семејство и регионот.

– Ако за Ципрас, ЕУ ја третирала Грција како лабараторија за тестирање за мерките за штедење, дали по истата логика на Грчкиот премиер и нивниот однос кон Македонија го симболизира истото? „Лабараторија“ во која речиси сите Грчки политички елити ги испробуваат уцените, заканите и блокадите за нашите Евроатлански интеграции. Македонија е млада држава и нашиот развој во огромна мера зависи од нашата интеграција во Европската Унија. Сега и судбината и иднината на Грчката држава и народ е во рацете на Европските лидери, додава Атанасоски.

Македонската Алијанса се надева дека Европските лидери ќе извлечат поука од актуелната криза во Грција. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Post navigation

Previous Цакалотос: Грција заслужува поголема поддршка
Next Русија стави вето на поднесенатанацрт-резолуција за масакрот во Сребреница

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.