Сараево/Брисел, 7. мај 2015 (ИНПРЕС) – Одржување на „Ден на регионалната соработка“ започна вчера во Брисел со првото претставување на Балканскиот барометар.
Станува збор за обемно истражување кое ги опфаќа видувањата и мислењата на јавното и деловното мнение за главните стопански и развојни прашања. Балканскиот барометар е дел од „алатките“ за следење на напредокот во примената на стратегијата „Југоисточна Европа 2020“ (JIE 2020).
Истражувањето во склоп на Балканскиот барометар опфати 7000 граѓани и 1400 компании од седум земји од југоисточна Европа, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. Балканскиот деловен барометар како и Балканскиот барометар на јавно мнение за 2015 година, вклучително и целокупните извештаи, може да се најдат на интернет страницата на Советот за регионална соработка.
Основен инструмент за следење на спроведувањето на стратегијата на Советот „Југоисточна Европа 2020“, односно „Табелата на развој на југоисточна Европа (SEEDS)“, ќе биде на располагање на јавноста подоцна овој месец на интернет странцицата на оваа организација. www.rcc.int.
Серијата настани ја отвори шефот на Претставништвото на сојузната држава Баден-Виртемберг Јоханес Јанг, кој истакна дека „Ни во побогатите општества не е лесно да се постигне регионална соработка и сите треба да дадат сѐ од себе за да се сложат едни со други.“ Господин Јанг ја изрази определеноста на сојузната држава Баден-Виртемберг за развој на западен Балкан низ „вложување, туризам и фактот дека 15 проценти од нашите граѓани имаат семејни корени во регионот кој го покрива Советот за регионална соработка.“
Професор Владимир Глигоров од Институтот за меѓународни економски студии од Виена ги претстави некои од главните резултати на Балканскиот барометар:
– Јавноста како и деловната заедница ја сметаат регионалната соработка за основен елемент на напредок кон членството во Европската унија. Регионалната соработка, спрема тоа, се гледа како шанса, како прилика. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
