Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Белград, 15. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Олси Рама, братот на албанскиот премиер Еди Рама, осомничен дека ги предизвикал немирите на синоќешниот фудбалски натпревар Србија – Албанија во Белград бил упасен, па потоа ослободен.
Олси бил уапсен во ВИП ложата на стадионот на ФК „Партизан“, заедно со уште тројца сонародници. Тој поминал во Полициската станица околу 40 минути, по што бил ослободен и однесен директно на аеродромот.
Синоќа балканското дерби меѓу Србија и Албанија во Белград, дел од квалификациите за Евро 2016, беше прекинато откако се случи инцидент на крајот на првото полувреме. Тогаш над теренот се појави дрон, на кој беше приврзано знаме на „Голема Албанија”. Тоа беше причина за немири на теренот и трибините и прекин на натпреварот.
Според белградските медиуми, уредот бил управуван од далечина токму од страна на братот на албанскиот премиер. (Крај)
извор: BGnes фото: архива
