Охрид, 4. јули 2023 (ИНПРЕС) – На 3-ти јули 2023 година, во 22:00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид извршија контрола на патничко возило марка „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, паркирано на улицата „Будва“ во Охрид во кое биле 21-годишниот К.Н. од Охрид и П.А. од Австралија.
– При прегледот полициските службеници кај К.Н. пронајдоа и одзедоа марихуана по што веднаш беше приведен, а П.А. е повикан во Полициска станица. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид фото: архива

