Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бислимоски: Во јануарските сметки за струја нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа

Бислимоски: Во јануарските сметки за струја нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 24. јануари 2024 (ИНПРЕС) – За да се зголеми довербата кај граѓаните и да знаат дека никој не остварува екстра профит, во јануарската сметка за потрошена електрична енергија која граѓаните ќе ја добијат во февруари нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа, информира денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

-РКЕ го прави ова за да ги убедиме сите дека новиот надоместок нема да биде екстра профит за ниту една компанија. Едноставно довербата која што треба да се гради помеѓу потрошувачите од една страна и операторот на дистрибутивниот систем од друга страна мора да ја промовираме и да ја зголемуваме и во таа насока уште еднаш потенцирам дека во јануарските сметки коишто граѓаните ќе ги добиваат во месец февруари ќе го нема надоместокот од 200 денари, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека надоместокот е вкалкулиран согласно одлуката на РКЕ.

– Одлуката стапи во сила од 1 јануари. Во самите сметки веќе има потрошувачка која се однесува и на јануари и поради тоа го ставиле, значи не згрешиле, но за да ја зголемиме довербата во јануарската сметка ќе го нема тој надоместок за да знаат граѓаните дека никој не остварува екстра профити и тука да бидеме начисто. Тоа го правиме едноставно за да ја зголемиме довербата помеѓу потрошувачите и помеѓу операторот на електродистрибутивниот систем. Значи, не станува збор за никаква грешка, прецизира Бислимоски.

Појасни дека има четири отчитувачки групи и во секој месец опфаќа и период од еден месец и од тој што следи.

Апелираше граѓаните да ја искористат можност за самоотчитување на броилата.

– До РКЕ во однос на сметките за електрична енергија има стигнато помеѓу 10 и 15 поплаки од граѓани. Ние тие ги водиме како претставки и понатака бараме информација од операторот на електродистрибутивниот систем којшто е должен да ни одговори и врз основа на тие приговори потоа РКЕ носи одлуки. Значи, уште еднаш апелираме граѓаните да ја искористат можност за самоотчитување. Тоа го имаме воведено пред неколку години. Таа состојба на броилото која што ќе ја отчита граѓанинот е задолжителна за ЕВН да ја имплементира во нивните сметки, порача Бислимоски.

Граѓаните, како што кажа, претставка  прво доставуваат до ЕВН Хоум, потоа ЕВН Хоум доколку ги одбие поднесуваат приговор до РКЕ.

– Ние сме второстепен орган во целата таа постапка и граѓаните се добро информирани и знаат. Тоа го работиме веќе 15-20 години, добиваме претставки од граѓаните и ние ги решаваме, посочи Бислимоски. (Крај)

извор: Телевизија 24 фото: архива

Post navigation

Previous Времена забрана за пиење на водата од водоснабдителниот систем во Охрид
Next ЦЈЗ: И денешните анализи покажаа дека параметрите на водата за пиење се во граници на законски пропишаните вредности

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.