Софија/Букурешт, 25. август 2014 (ИНПРЕС) – Криењето на приходи и’ нанесува штета на Романија и Бугарија и ги влече назад едни од најсиромашните земји во ЕУ, предупредуваат аналитичарите.
Според пресметките, вредноста на т.н. црна, или непријавена економија е огромна – се проценува дека е околу 25% од економската активност, додека 25% од населението е работоспособно, но се надвор од очите на даночните инспектори.
Сивата економија постои во 28-те земји од ЕУ и изнесува околу 1 милијарда евра годишно, смета ЕП. Во некои земји сивата економија зазема значителен дел од активностите, но според ЕП, Бугарија и Романија се најтешко погодените. Бугарија е најсиромашната земја во ЕУ, а Романија се рангираше на второто место. (Крај)
извор: AFP фото: архива
