Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Велики Понеделник: Првиот ден од Страстната седмица

Велики Понеделник: Првиот ден од Страстната седмица

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 29. април 2023 (ИНПРЕС) – Велики Понеделник е првиот ден на Страстната седмица.

Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим, неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, бидејќи тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд.

На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, која го претставува јудејскиот собор, (во кој Исус Христос не нашол вистински плод, туку само лицемерна сенка на законот), но и човечката душа која не ја познава молитвата, покајанието, и која не носи духовни плодови.

На овој ден, Црквата го споменува и старозаветниот патријарх, целомудрениот Јосиф Прекрасен, кој поради зависта на своите браќа бива продаден во Египет; на тој начин, овој старозаветен патријарх е праобраз на безгрешното страдание на нашиот Спасител. Христос, како и Јосиф, станува жртва на зависта на Неговите браќа по крв и вера, и на ист начин е предаден и продаден. На крај, Јосиф завладејува со Египет, и ги храни своите браќа со леб, исто како што и Христос седнува на Својот Престол на мирот и нѐ храни сите нас со небесниот Леб – со Своето Тело и Својата Крв. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

Post navigation

Previous Одложено судењето против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавка на луксузен автомобил
Next Велигденски базар утре на плоштадот „Крушевска Република“

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.