Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Софија, 13. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Францускиот државјанин кој беше уапсен во Бугарија на 1-ви јануари, во обид да влезе во Турција, комуницирал со еден од двајцата браќа кои ги спроведоа терористичките напади во Париз минатата недела.
– 29-годишниот Фриц Жолио Хоакин, неколку пати комуницирал со Шериф Куаши, едни од двајцата браќа, изјави обвинителката Дарина Славова.
– Тој беше уапсен на граничниот премин „К. Андреево“ врз основа на Европска потерница (ЕЗА), издадена од страна на обвинителството во Хасково, Бугарија. Наредбата е издадена врз основа на сомневањата за учество во група, која имала за цел огранизира терористички активности, додаде Славова. (Крај)
извор: Бгнес фото: архива
