Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во две страотни експлозии во Анкара десетици повредени

Во две страотни експлозии во Анкара десетици повредени

1 min read

Анкара, 10.октомври 2015 (ИНПРЕС)-Две страотни експлозии одекнаа денеска во главниот град на Турција, Анкара, пред одржувањето на најавениот мировен собир, убивајќи повеќе десетици лица.

Според турската новинска агенција Доган, најмалку 20 луѓе ги загубиле животите. Турските телевизии објавија снимки од хаосот на местото на нападот и повеќе безживотни тела, меѓу знамињата на демонстрантите.

Експлозиите се случиле во близина на железничката станица во центарот на Анкара. Цел на самоубиствениот напад беа граѓаните кои сакаа со марш во главниот град на државата да повикаат на прекин на насилствата и крвавите судири меѓу турската армија и курдските милитанти. Првата експлозија се слушнала околу 10 часот, по што набргу следела и втората детонација. Откажан е и најавениот мировен собир.

Официјални владини претставници соопштија дека експлозиите се терористички напад и ги проверуваат информациите дека барем една од детонациите била предизвикана од бомбаш-самоубиец.

Лидерот на про-курдската партија ХДП ги обвини државните служби за нападот и ги откажа сите предизборни собири.

Мировниот собир во Анкара беше закажан пред вонредните избори во Турција, кои ќе се одржат на 1-ви ноември и откако во јули повторно ескалираа судирите меѓу турските сили и вооруженото крило на курдската работничка партија, по двегодишното примирје.(Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Дете почина при инцидент на брод со мигранти кај Грција
Next БиХ наскоро ќе поднесе барање за членство во ЕУ

Слични вести

Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“ Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера
1 min read

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера

Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026 Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026
1 min read

Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.