Охрид, 18. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Во сабота, 20. јуни, во катедралната црква „Св. Софија“ ќе се одржи осмиот Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски мешан хор „ Vox Lychnidos “.
Фестивалот, кој веќе стана препознатлив музички бренд, ќе ги обедини хорските ансамбли од неколку земји, носејќи ја магијата на заедничкото пеење во уникатниот амнбиент на црквата Св.Софија.
И годинава публиката ќе ужива во хорски композиции од различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани, а на наше особено задовослство, премиерно во Македонија, ќе ја изведеме композицијата „Море сокол Јане“ од познатиот македонски композитор Гоце Гавриловски, со кој имаме долгогодишна плодна соработка, вели за InPress и Супер радио диригентот на „Vox Lychnidos “, м-р Бурим Хидри.
– Како домаќини ние го отвораме фестивалот, ќе настапиме со композициите Bogoroditse dyevo i Gospodi Isuse od Shnittke, потоа Kyrie – К. Jenkins, Море сокол Јане – Г. Гавриловски и Lullabye – B. Joel, вели Хидри.

Годинава гостуваат три ансамбли од Словенија, женскиот хор „Соча“ и машкиот хор „Кромбершки водопивци“ од Нова Горица и детскиот хор „Кунгота“, потоа два ансамбли од Србија, хорот „Атендите“ при Културниот центар Кикинда и Црковниот хор при Соборен храм на српски светители, а од Македонија настапуваат женскиот младински хор при МКЦ Скопје и мешаниот хор „Драган Шуплевски“ предводени од диригентот Сашо Татарчевски.
Почетокот на фестивалот е во 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
