Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во среда започнуваат јубилејните 65. Струшки вечери на поезијата

Во среда започнуваат јубилејните 65. Струшки вечери на поезијата

1 min read
Во среда започнуваат јубилејните 65. Струшки вечери на поезијата

Струга, 18. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Од 24-ти до 29-ти јуни, по јубилеен 65-ти пат ќе се одржат Струшките вечери на поезијата, а Струга уште еднаш ќе биде центар на светската поетска сцена.

Фестивалот ќе започне на 24 јуни, со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, Анеке Брасинга од Холандија. Официјалното отворање ќе биде вечерта во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со почеток во 20:30 часот.

Годинава фестивалот се одржува под мотото „Каде што живее поезијата“, кое е сообразено и со целокупниот визуелен концепт изготвен од креативниот тим на СВП, преку кој се посочува на кревкоста на традицијата и културата, но и за нејзината особеност и трајноста на зборот.

За јазикот како куќа на поезијата, за внатрешното и светогледите, за идентитетите и разноликоста. Сето ова е одразено и низ целокупната програма на Струшките вечери на поезијата, кои годинава одбележуваат 65 години од своето постоење.

Неодамна беа избрани петте книги што влегоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“. Поетите од потесниот избор ќе имаат свое претставување на одделен настан на фестивалот, пред официјалното соопштување на добитникот, кое ќе биде на 26 јуни, во 12:30 часот. Наградената книга покрај паричната награда добива и објавување на книгата во превод на англиски јазик, промоција и портрет на следното издание на Струшки вечери на поезијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Минатата година во Охрид починале 661 лице

Слични вести

Минатата година во Охрид починале 661 лице Минатата година во Охрид починале 661 лице
1 min read

Минатата година во Охрид починале 661 лице

Во сабота 8. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos Во сабота 8. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos
1 min read

Во сабота 8. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

Охрид го слави Денот на Охридското Езеро со богата културно – забавна програма Охрид го слави Денот на Охридското Езеро со богата културно – забавна програма
1 min read

Охрид го слави Денот на Охридското Езеро со богата културно – забавна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.