Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во тек пријавувањето капачи за Водици, покрај од Охрид пријавени верници и од други градови

Во тек пријавувањето капачи за Водици, покрај од Охрид пријавени верници и од други градови

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 15. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Тече пријавувањето на капачите кои во петок, на Водици, ќе го бараат Чесниот крст во водите на Охридското Езеро.

Покрај од Охрид, во парохиските цркви има пријави и од заинтересирани од други градови, од Струмица, Битола и други.

Прославата на празникот на 19-ти јануари ќе започне со утринска богослужба од 07:00 часот додека божествената литургија ќе почне во 08:30 часот. Чинот на положување на Чесниот крст во водите на езерото ќе биде во 10:00 часот на градското пристаниште.

Централната прослава на празникот ќе биде во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско каде ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.

По чинот на Богојавленскиот водосвет, на градскиот плоштад ќе се одржи забавна програма за посетителите, а ќе настапи групата Next time.

Во 12:00 часот во месноста Сараиште ќе има групно крштевање, а заинтересираните може да се пријават кај парохискиот свештеник во црквата Св.Никола Геракомија.

На денот на празникот, во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на Црвен Крст од 09:00 до 15:00 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција.

Како дел од подготвителните активности и логистиката на настанот, во четврток на 18-ти јануари охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро, на просторот каде ќе се одржува фрлањето на Светиот крст.

Исто така, предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на езерото, соодветно украсување на градот со зеленило и верски знамиња, како и низа значајни активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.

Прославата за Водици во Охрид, продолжува на 20-ти јануари за Денот на рибарите во чест на празникот Свети Јован Крстител. Традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и истата ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. Оваа година ќе биде послужена и храна карактеристична за трпезите на овој празник. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Јанкулоски: Од почетокот на годинава интервенирано е на 7 опожарени оџаци, апел до граѓаните редовно да ги чистат и одржуваат
Next Македонските ракометари против Швајцарија во последниот свој натпревар на ЕП 2024

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.