Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Во третиот квартал на 2024 година поднесени два предмети за заштита од дискриминација во Охрид

Во третиот квартал на 2024 година поднесени два предмети за заштита од дискриминација во Охрид

1 min read
Во третиот квартал на 2024 година поднесени два предмети за заштита од дискриминација во Охрид

Охрид кеј Македонија сонце гужва бродови катамарани

Скопје/Охрид, 11. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во третиот квартал на 2024 година оформени се 107 нови предмети за заштита од дискриминација, од кои две се во Охрид, информираат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република Македонија (КСЗД).

Од оваа бројка, 84 се поднесни од физички лица, 22 од правни лица и 1 постапка поведена по службена должност. Во споредба со истиот период во 2023 година, бројот на нови предмети е намален за 60,05%. Од подносителите физички лица 23 не доставиле податок за припадноста по пол. Од оние кои доставиле, 30 (49%) биле жени и 31 (51%) биле мажи.

Во однос на националната припадност, 45 граѓани не се изјасниле. Од оние кои се изјасниле 26 биле Македонци, 5 Албанци, 2 Роми, 1 Србин, 1 Турчин и 1 Влав. До КСЗД се доставени и 3 претставки од граѓани кои се изјасниле за друга етничка припадност (бугарска, канадска и горанска). Во поглед на возраста најмногу претставки се поднесени од граѓани на возраст 41-50 години (16 претставки). Податок за нивната возраст не доставиле 33 подносители на претставки.

Најмногу случаи на дискриминација во 3-от квартал на 2024 година, биле утврдени вo областа на работата и работните односи, од кои два се за пристап до унапредување, еден за трансформација на работен однос од определено на неопределено време, еден за прекинување на работен однос и еден за дискриминација на работно место. Потоа следат областите на јавно информирање и медиуми, правосудство и управа и еден случај на дискриминација во детска градинка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Здравје: За подобро здравје на зглобовите, избегнувајте ги овие намирници
Next Денеска во Франкфурт се отвора изложбата „Italo Disco – Never Stop Dancing“

Слични вести

Сузана Манчиќ, Владо Калембер, Дадо Топиќ, Принц од Врање дел од учесниците на интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“ Сузана Манчиќ, Владо Калембер, Дадо Топиќ, Принц од Врање дел од учесниците на интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“
1 min read

Сузана Манчиќ, Владо Калембер, Дадо Топиќ, Принц од Врање дел од учесниците на интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“

„Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид „Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид
1 min read

„Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид

Викендов изложби на кучиња во Охрид Викендов изложби на кучиња во Охрид
1 min read

Викендов изложби на кучиња во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.