Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во јануари 18 случаи на незаконит риболов во Охридското Езеро, подигнати 116 рибарски мрежи и 293 парчиња улов

Во јануари 18 случаи на незаконит риболов во Охридското Езеро, подигнати 116 рибарски мрежи и 293 парчиња улов

1 min read
Во јануари 18 случаи на незаконит риболов во Охридското Езеро, подигнати 116 рибарски мрежи и 293 парчиња улов

Езерска полиција Охридско Езеро СВР Охрид полиција

Охрид, 4. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на јануари оваа година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, самостојно, но и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контролни патролни активности за заштита на државната граница и по Законот за рибарство и аква култура и Законот за внатрешна пловидба.

– Притоа, откриени се 18 прекршоци и 15 прекршители кои се затекнати како вршат незаконски риболов, пронајдени се и подигнати вкупно 116 рибарски мрежи со различна големина на окца и со вкупна должина од 6 120 метри и улов од 293 парчиња различна риба со вкупна тежина од 51,4 килограми. При преземените мерки, констатирани се 14 прекршоци по Законот за внатрешна пловидба за што се поднесени и соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

Додаваат дека во истиот период, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ извршиле шест контроли на рибарите кои беа ангажирани за вештачкиот мрест, а спроведоа и шест патролни дејности со физичко присуство на научно- истражувачкиот брод од Јавната национална установа „Хидробилошки завод“ Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Post navigation

Previous Две лица физички нападнале 71 годишен стружанец
Next Обновен хируршкиот инструментариум во ЈЗУ Општа болница Охрид

Слични вести

Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл
1 min read

Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл

Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро
1 min read

Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро

Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места

Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.