Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Возачот заспал на волан, комбето со туристи го возел патник

Возачот заспал на волан, комбето со туристи го возел патник

1 min read

Белград, 15.јули 2015 (ИНПРЕС) – Горан Мрџеновиќ, Србин кој се враќал од одмор од Грција, по два инциденти на возачот, му наредил да стане од возачкото место и го презел управувањето на комбето на туристичката агенција „Тера Травел”.

– Со седум патници се враќав во Белград од Полихроно, Халкидики ноќта 6 и 7 јули, каде бев преку „Тера Травел”. Сè беше добро додека не стигнавме до првата наплатна рампа кај Ниш. Бидејќи седев на совозачкото седиште, забележав дека возачот почна да шалта по автопатот. Изгледаше дека му се спие, но тој тоа го негираш, вели Мрџеновиќ.

Тој тврди дека во првиот инцидент се случил кај Параќин.

Патниците во агонија

– Возевме брзо кон автомобилот кој беше пред нас. Видов дека возачот не кочи и уплашено му свикав. Закочи во последен момент. Тогаш го принудивме да застане на првата бензиска пумпа, да се одмори и да испие кафе – продолжува тој.

Мрџеновиќ раскажува дека по паузата од 30 минути доживеале мал судир.

– Наидовме на сообраќајни знаци дека едната лента е затворена. Комбето од левата страна нудри во еден од нив. Пукна целото стакло на левиот ретровизот. Возачот и огаш заспа. Со повишен глас му реков да застане – објаснува Мрџеновичќ.

Тој вели дека побарал возачот да се јави во на агенцијата, во спротивно тој ќе го преземе на воланот, што на крајот и се случило.

Виновна е агенцијата?

На крај Мрџеновиќ ги однесол сите патници до дома, а возачот го довози комбето до гаража. Тој додава дека не го обвинуваат возачот, туку агенцијата која не обезбедила услови за транспорт.

Саво Тошиќ, директор и ко-сопственик на „Тера Травел”, вели дека ќе ги испита околностите под кои возачот му дозволил на патникот да вози.

– Имаме изнајмени станови за возачите во Грција. Овој возач се одмараше 36 часа пред да тргне. Тој отиде на одмор и не ни кажа ништо во врска со инцидентот. Суспендиран е и кога ќе се врати, ќе даде изјава. На возилото немаше оштетувања, дури ни она за кое тврди патникот – тврди Тошиќ и додава дека агенцијата има дежурна екипа на возачи кои преземаат во случај на проблем, но дека никој не ги викнал.(Крај)

извор:Блиц фото:архива

Post navigation

Previous Албанската полиција уништи околу 11 илјади стебла марихуана
Next Коцијас: Грција ќе го поддржи членството на Косово во меѓународни организации

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.