Охрид, 15. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Пливачите од охридскиот клуб „Акваспирит“ постигнаа одлични резултати на 5. Интернационален пливачки натпревар „Теута Куп 2026“ што се одржа во Драч, Албанија.
Анастасија Цветаноска освои второ место во дисциплината 100 м градно, а сите наши пливачи учесници ги подобрија своите лични резултати.

– Нашиот клуб имаше успешен настап, пришто сите пливачи ги подобрија своите лични резултати. Посебно се истакна Анастасија Цветаноска, која во конкуренција на пливачки родени во 2009 и 2010 година, на дисциплината 100 м градно, го освои второто место. Честитки и за Лина, Христина, Кирил, Кален, Филип, Калин, Дамир, Филип и Мартин, кои го претставија клубот во одлично светло, а на Анастасија ѝ посакуваме уште многу успеси во иднина, велат од клубот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
