Белград, 17. септември 2015 (ИНПРЕС) – Премиерот на Србија, Александар Вучиќ ги осуди нападите врз новинарите од српската национална телевизија RTS од страна на унгарските полицајци на граничниот премин “Хоргош”, пишува српскиот весник Blic.
Вучиќ, кој се наоѓа во посета на САД, изјави дека го осудува секој напад над новинари, без оглед на која територија се наоѓаат. Тој истакнал дека владата нема да дозволи никој да фрла солзавец на нејзина територија.
– Ние знаеме да ја заштитиме својата територија и националното достоинство и ако треба ќе ги заштитиме европските вредности од ЕУ. Ако не реагираат од Брисел ќе реагираме ние и ќе се штитиме и себе и европските вредности, изјави Вучиќ. (Крај)
извор: Blic фото: архива
