Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Годишен концерт на Ансамбл Билјана – Охридска визита „Една песна, една приказна“

Годишен концерт на Ансамбл Билјана – Охридска визита „Една песна, една приказна“

1 min read

Охрид, 29. август 2023 (ИНПРЕС) – Во вторник, на 5-ти септември, во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“, по единесетти пат ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Ансамбл Билјана.

Оваа година настанот ќе има еден малку поинаков концепт – „Една песна една пиказна“. Ќе бидат представени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја, а наратор ќе биде Проф. Валентина Божиновска. Гости на годинешниот концерт ќе бидат Мартина Максимовска, професор по народно пеење и член на националниот ансамбл „Танец“ и Мухамед Бајрам од групата „Цар Самоил“ и професор по виолина.

Ансамблот Билјана, како четврта трубадурска генерација во нашиот град тежнее кон зачувување и продолжување, а воедно и унапредување на музичката традиција. Настанот започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и континуирано се одржува до денес како обид за зачувување на духот на охридската староградска песна.

Концертот ќе започне во 20:00 часот, а билетите кои чинат 200 денари и се во ограничен број, можете да ги резервирате на телефонскиот број 075/895-405 и ќе можат да се подигнат на влез, еден час пред почетокот на концертот.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Денеска ќе се одржи 31. седница на Советот на Општина Охрид
Next Започнува првиот уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.