Охрид, 21. април 2026 (ИНПРЕС) – Голем успех и победа постигнаа младите козметички техничари од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на Регионалниот натпревар по шминка што се одржа во Битола.
Ученичката Ресмија Селоска го освои врвот и обезбеди директен пласман на Државниот натпревар што ќе се одржи на 12 мај во Скопје.
– Со креативност, прецизност и силна визија, уште еднаш докажуваме дека вистинскиот успех доаѓа со тимска работа и посветеност, велат од училиштето.

Инаку своите вештини и знаење на тема свечена шминка ги претставија вкупно 12 натпреварувачки од три средни училишта. Охридското училиште го претставуваа четири ученички кои со својот талент, умешност и оригиналност оставија силен впечаток. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“
