Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Грција формира нова комисија за брзо решавање на прашањето со азилантите

Грција формира нова комисија за брзо решавање на прашањето со азилантите

1 min read

Атина, 17. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Грција формирала нова комисија која треба да одлучува околу тоа кои мигранти треба да бидат вратени во Турција, врз основа на договорот меѓу Европската Унија и Анкара, а за да се забрза решавањето на прашањето со азилантите, јавуваат светските агенции.

Ваквиот потег доаѓа откако постоечките 20 комисии ги блокирале најголемиот број од случаите за враќање на бегалците во Турција, наведуваат агенциите.

Според договорот меѓу ЕУ и Турција од март оваа година, мигрантите кои не успеале да добијат азил треба да бидат вратени во Турција, за да се спречи понатамошниот прилив на бегалци во ЕУ.

Новата комисија, чие формирање било усвоено од грчкиот парламент, ќе биде составена од двајца судии и претставници на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), кои ќе одлучуваат по барањата за азил. (Крај)

извор: Meta фото: архива

Post navigation

Previous Испразнет бегалскиот камп кај Поликастро
Next Грција доби уште 7,5 милијарди евра

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.