Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Д-р Чолакова: Приватните матични лекари во понеделник од 12:00 до 16:00 часот нема да работат

Д-р Чолакова: Приватните матични лекари во понеделник од 12:00 до 16:00 часот нема да работат

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 22. март 2024 (ИНПРЕС) – Матичните лекари од приватното здравство во понеделник од 12:00 до 16:00 часот нема да работат во знак на револт, откако вчера нивни колега беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара, изјави за МИА претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова.

– Згрозени сме од ваквиот грозоморен чин. Се работи за наш колега и професионалец кој целиот живот го има посветено на работата. Што треба да значи ова, дека треба да се плашиме дали некој кој не е задоволен од некоја причина од нашата работа и после работно време може да посегне по нашиот живот. Ние ќе го изразиме нашиот револт и во понеделник од 12 до 16 часот нема да работиме, вели Чолакова Дервишова.

Истакна дека неопходно е да се донесе Закон за докторска дејност со кој точно ќе се дефинираат условите, правата и должностите на лекарите.

– Го повикувам Министерството за здравство што поскоро да се донесе Законот за докторска дејност со кој ќе се заштити работата на лекарите. Ние сме навистина револтирани и згрозени од ваквиот чин, рече Чолакова — Дервишова.

Од Министерството за здравство за МИА информираа дека докторот не бил вработен во поликлиниката Железара, туку во приватна ординација издадена под концесија.

Министерството за внатрешни работи информираше дека 67-годишниот лекар со убодни рани е пронајден на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното, го нашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

– На 21.03.2024 во 23:09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Светски Ден на Дауновиот синдром
Next Преку Центарот за развој лани инвестирани околу 64 милиони денари во општините од Југозападниот плански регион

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.