Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Дел од оружјето користено во нападите во Париз било произведено во „Застава“ од Крагуевац

Дел од оружјето користено во нападите во Париз било произведено во „Застава“ од Крагуевац

1 min read

Крагуевац, 28. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Дел од оружјето што било користено при нападите во Париз на 13 ноември е прозведено во фабриката „Застава“ во срспкиот град Крагуевац, во 90-те години на минатиот век, соопшти директорот на компанијата Милојко Брзаковиќ.

Како што јави Фена, Брзаковиќ изјави дека два дена по нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица, српското Министерство за внатрешни работи му ги доставило сериските броеви на оружјето користено од страна на напаѓачите.

– Верувам дека меѓу нив имаше седум или осум автоматски пушки од типот „калашников“, истакна Брзаковиќ.

За време на поранешна СФРЈ, во погоните на „Застава“ во Крагуевац се произведуваше оружје за потребите на некогашната Југословенска народна армија и за Територијалната одбрана, кое по распадот на државата остана во републиките наследнички. (Крај)

извор: Плус Инфо фото: архива

Post navigation

Previous Мигрантите ја урнаа македонската ограда
Next Џихадистката Елма сакала да се разнесе на Денот на државноста на БиХ

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.