Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Делегација на Општина Вевчани со посета на Ковачица по повод јубилејот од раѓањето на Михајло Пупин

Делегација на Општина Вевчани со посета на Ковачица по повод јубилејот од раѓањето на Михајло Пупин

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Струга/ Ковачица, 10. октомври 2014 (ИНПРЕС) – По повод одбележувањето на јубилејот од 160 години од раѓањето на врвниот научник со светско значење, професорот Михајло Пупин, Општина Вевчани со своја делегација е на неколкудневна работна посета на Општината Ковачица во Република Србија.

Делегацијата е предводена од Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски и претставува одговор на поканата на градоначалникот на општина Ковачица. Покрај тоа што делегацијата ќе оствари неколку работни средби на кои ќе стане збор за продлабочување на меѓусебната соработката и заеднички проекти, исто така, ќе го посети и Идвор – родното место на Михајло Пупин.

Михајло Пупин има вевчански корени. Најпрво ова семејство од Москополе – Република Албанија, се населило во Вевчани. Дедото на Михајло, Арсение Пупин живеел во Вевчани за потоа да замине во Идвор – Република Србија, каде што го добива синот Константин кој, пак, е татко на Михајло. Исто така, постојат и одредени информации дека мајката на Михајло Пупин потекнува од Охридскиот регион. Денес куќата на Пупинови која воедно е изградена во далечната 1880 година, се наоѓа во центарот на Вевчани е целосно автентично обновена и претставува сместувачко – угостителски објект во кој исто така постои и музејска поставка која го отсликува животот и делото на овој познат светски научник, така што голем е бројот на посетители кои свратуваат во посета на овој објект.

Д-р Михајло Пупин бил професор по математика и физика на Колумбија универзитетот во САД и претставува светски познат и реномиран научник, истражувач и пронаоѓач во областа на физиката и електрониката, особено заслужен за достигнувања и голем придонес во телекомуникациите, радиологијата и радиотехниката. Го пронашол системот на повеќекратна фотографија и ги открил секундарните рентгенски зраци, а исто така особено значајно е тоа што неговото значење е големо поради решението на проблемот на телеграфски и телефонски пренос на далечина.

За своите севкупни научни достигнувања Михајло Пупин во 1924 година, посмртно ја добил Пулицеровата награда. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Post navigation

Previous Белград ќе ја одбележи 70-годишнината од ослободувањето
Next Албанскиот министер Бушати изрази поддршка за Евроатлантската интеграција на Македонија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.