Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Дискусија на тема аутизам во Europe house Струга

Дискусија на тема аутизам во Europe house Струга

1 min read

Струга, 4. април 2024 (ИНПРЕС) – Дискусија на тема аутизам ќе се одржи денеска од 17:30 часот во Europe House Струга.

Колку е значајна раната стимулација во првите години од развојот на детето и кои се главните предизвици и тешкотии со кои се соочуваат родителите и стручните лица кога станува збор за аутизмот се само дел од прашањата на кои ќе дискутираат специјалисти од различни области кои теоретски и практично се занимаваат со раниот развој и раната интервенција кај децата.

Можно е да е слика од текст кој вели „HOUSE STRUGA од другата страна на дилагнозата 04.04 17:30 EUROPE HOUSE STRUGA модератор: MAPAAME мечкароска CTOJAHOCKA говорници: ангела апостолоска д-р. марина болческа арбреша корча д-р. KCEHиJA мајсторовик гордана грческа балоска“

– За рана стимулација на говорот и важноста на мултидисциплинарниот пристап кај лицата со аутизам ќе зборува клинички логопед специјалист Ангела Апостолоска, за раните знаци на аутизмот д-р Марина Бојческа, специјалист по спортска медицина, доктор по општа медицина (матичен лекар). За влијанието на технологијата врз раниот раст и развој кај децата ќе зборува Арбреша Корча, клинички и развоен психолог. Дијагностика и фармакотерапија кај лица со аутизам е тема на д-р. Ксенија Мајсторовиќ, невролог. За улогата на семејството во раната интервенција – поддршка на родителите ќе зборува Гордана Грческа Балоска – психолог и претставник на здружение за лица со посебни потреби CEDK, додека за аутизам во семејството ќе говори родител на дете со аутизам, информираат организаторите.

Модератор на дискусијата ќе биде Марија Мечкароска, студент по специјална едукација и рехабилитација. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous МВР: Во сабота во управните служби фотографирање без термин за лицата кои наполниле 18 години и немаат личен документ
Next Претставата „Лавиринтот“ од Димо Дешев утревечер повторно пред охриѓани

Слични вести

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници
1 min read

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.