Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Додевски: Знакот за забранет сообраќај не е оправдание за државните институции да се прогласат ненадлежни при заглавено возило на Галичица, од почетокот на годинава интервениравме 11 пати

Додевски: Знакот за забранет сообраќај не е оправдание за државните институции да се прогласат ненадлежни при заглавено возило на Галичица, од почетокот на годинава интервениравме 11 пати

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 18. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Забраната за сообраќај на патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“ не се почитува, а решение за случајот немаме, државните иституции се прогласуваат за ненадлежни со тоа дека е поставен соосбраќаен знак, изјави за Супер радио и InPress раководителот на Планинската спасителна служба Антонио Додевски, по последната интервенција од утрово за заглавено возило на Галичица.

Вели дека ситуацијата станува алармантна и треба да се најде начин да се реагира. Писмено се обратиле заедно со НП Галичица до министерството за транспорт и врски од каде побарале дозвола за физичко затворање на патот, поставување на рампи, но од тоа ништо. Сите надлежни институции во моментов се оградуваат со тоа што долу е поставена сообраќајна сигнализација дека патот е затворен за сообраќај, вели Додевски.

– Постојано апелираме, годинава дури и за овие интервенции не објавуваме на нашата веб страна од причина што станува бесцелно да се реагира. Едноставно некоректно е од страна на државните институции да се прогласат дека не е во нивна надлежност. Јас навистина не знам кој е надлежен на регионален пат да интервенира во случај на било каква состојба. Утрово во 04:30 часот имавме повик за заглавено возило, во ова време ниту една државна институција што има работа со вработени, со државни ресурси возила, беа ненадлежни, единствено волонтерската планинска спасителна служба беше надлежна да оди да одглавува возила од несовесни возачи, кои ниту почитуваат сигнализација, ниту ги слушаат апелите што редовно ги објавуваме, додава Додевски.

Денешната е 11-та нивна интервенција од почетокот на годината, а состојбата да биде навистина крајно нелогична е што во денешниот случај по втор пат го одглавувале истиот човек.

– Ние интервенираме, нема да ги оставиме луѓето, но е неблагодарно, трошиме ресурси, прво волонтерскиот кадар, покреваме екипа и за жал во денешниот случај по втор пат е истиот човек, едноставно злоупотреба на комплетните ресурси со кои располагаме, волонтери и ресурси набавени од донаторски средства, од другата страна имаме државни институции кои се прогласуваат за ненадлежни. Не е доволно да се постави сообраќаен знак на почеток на пат, бидејќи и покрај знакот очигледно луѓе заглавуваат и тоа може да е во сериозен ризик по нивната безбедност и здравје бидејќи остануваат на 1.600 метри, на температура под нула, заглавени со возило, потенцира Додевски.

Тој по којзнае кој пат апелира до граѓаните да ја почитуваат сообраќајна сигнализација, а ако веќе решиле да одат и да уживаат на снегот, да се искачат до онаму до каде навистина е возможно со возило. Кога ќе забележат дека на патот има наноси од снег и мраз, не треба да продолжуваат.

Патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“ моментално е затворен за сообраќај. Од охридска страна сообраќај е дозволен до месноста Корита, а од преспанска страна е затворен уште од Царина, на клучката на патор Ресен – Стење. Во последно време зачестени се заглавувањата на возила на Галичица, па покрај ингеренциите на надлежните повеќе треба да работи и совесноста на секој поединец. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Општина Охрид сѐ уште нема добиено позитивно конзераторско мислење за изградба на катна гаража
Next Повторно отворено најголемото природно лизгалиште во светот

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.