Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Евгениј Поп Ацев примен во Куќата на славните на маратонското пливање

Евгениј Поп Ацев примен во Куќата на славните на маратонското пливање

1 min read
Евгениј Поп Ацев примен во Куќата на славните на маратонското пливање

Скопје, 10. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Евгениј Поп Ацев, eден од најдобрите пливачи во историјата на Mакедонија, доби големо признание на глобално ниво. Меѓународната организација Куќа на славните во мартонското пливање објави дека Поп Ацев ќе стане нивни член на следниот собир, во мај 2024 година.

– Најголема чест и привилегија е да се биде во ,,Куќата на славните за маратонското пливање”(IMSHOF) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија имам придонесено и оставено белег во светот на маратонско пливање. Многу сум благодарен на IMSHOF за номинацијата, изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и ме подржуваа во изминативе 20 години, напиша Поп Ацев на социјалните мрежи.

Кариерата на Поп Ацев траеше 14 години (2007-2021). Два пати, во 2015 и 2017 година, победи во Светскиот Гран-при во маратонско пливање. Ултра-маратонската серија на Светската пливачка органзација (ФИНА) ја освои во 2019 година.

Во Куќата на славните, Евгениј Поп Ацев ќе биде примен на 18-ти мај следната година во Канкун, Мексико. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

Post navigation

Previous Литературен конкурс во чест на Свети Климент Охридски -заштитникот на Охрид
Next ИЈЗ: Пријавени 44 случаи на сезонски грип, во Охрид нема евидентирано заболени

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.