Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Едукативно предавање по повод неделата на борба против дијабетес во Црвен крст Охрид

Едукативно предавање по повод неделата на борба против дијабетес во Црвен крст Охрид

1 min read

Охрид, 17. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Охридскиот Црвен крст и годинава традиционално ја одбележа Неделата на борба против шеќерна болест.

Целта е подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетот, колку е застапен во светот и превенција од појава на шеќерна болест преку промовирање на здрави животни навики.

По тој повод, д-р.Соња Стурлакова Димовска вчера одржа едукативно предавање на корисниците и волонтери од програмата – Грижа за стари лица – „Најди време”. Темата беше „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“, со цел подигање на свеста за превенција и навремено дијагностицирање на дијабетот кај постарата популација.

На предавањето присутните покрај што се запознаа со ризиците и факторите кои доведуваат до појавата на болеста можеа да добијат и совети во однос на измерената количина на шеќер во крвта по претходно мерење од д-р. Стурлакова Димовска, заедно со волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Охрид. На предавањето беше спроведено и анкетно истражување анкета за дијабетот и животните навики помеѓу учесниците. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous „Прличевци“ во борба против гладта, тридневна хуманитарна акција
Next Лидерите на земјите од Западен Балкан го потпишаа Договорот за признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерки и фармацевти

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.