Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Емин Алим: Берберскиот занает почнав да го учам на 13 години, а самостојно работам веќе три години

Емин Алим: Берберскиот занает почнав да го учам на 13 години, а самостојно работам веќе три години

1 min read
Емин Алим: Берберскиот занает почнав да го учам на 13 години, а самостојно работам веќе три години

Охрид, 5. декември 2024 (ИНПРЕС) – Младиот охридски бербер Емин Алим повеќе од еден месец успешно ја спроведува акцијата „Бербер за СИТЕ“, наменета за сите лица кои од повеќе причини, не се во состојба и можност, да дојдат лично во берберницата и да ги користат нивните услуги.

Со младата охридска занаетчиска надеж од бербер шоп „Шогун“ разговараме за неговите почетоци, бројните спроведени хуманитарни акции за нашите сограѓани, како и за неговите планови во иднина.

Супер радио: Емин на почеток да се претставиш, за оние кои можеби недоволно те познаваат и од кога почна да го „печеш“ занаетот и колку време веќе работиш ?

Алим: Јас сум Емин Алим, имам 19 години. Занаетот почнав да го учам од 13 годишна возраст, а самостојно работам веќе три години.

Супер радио: Толку млад, а зад себе веќе имаш доста направено. Бесплатно ги потстрижуваш ранливите категории граѓани во Охрид, кои не се во можност да одвојат средства за оваа намена. А најновата акција е „Бербер за СИТЕ“. Кажи ни за кого е намената?

Алим: Точно, најнова акција е „Бербер за СИТЕ“, наменета е за постарите и изнемоштените лица кои не можат да посетуваат бербер, затоа јас одам во нивните домови и ја вршам берберската услуга. Оние кои имаат ваква потреба може да се јават на телефонот 070/944-641 и да се договориме. Паралелно со ова и понатаму тече акцијата за бесплатно потстрижување на социјално ранливите категории граѓани.

Супер радио: Каков е интересот досега, колку си задоволен од текот на акцијата?

Алим: Интересот е одличен, јас сум задоволен како тече акцијата и се надевам дека во иднина побарувачката ќе е многу поголема.

Супер радио: Покрај ова и претходно со твојот татко Неат Алим имате направено бројни хумани мисии. Колку за тебе е тоа сатисфакција, поука за работата во иднина?

Алим: Тому така, со мојот татко имаме направено доста хуманитарни мисии. Сакам да им помагам на луѓето и во иднина ќе продолжам така. Како поука можам да извлечам и по која се водам, тоа е направи добро за добро да се врати.

Супер радио: Колку влијаеш на околината работејќи го ова, дали можеби твои другари носат одлука и тие да се занимаваат со некој занает?

Алим: Можам да кажам дека доста влијаам. За моите другари сепак можам да кажам дека сѐ зависи од нив, некои сакаат да учат занает, некои имаат желба да продолжат на факултет, па и нешто повисоко, на крај на краиштата тие ја носат конечната одлука. Но, доколку побараат совет од мене ќе го добијат во секој момент.

Супер радио: Кај вас, во бербер шоп „Шогун“, постојано се случува нешто нови, па кои се плановите за претстојниот период?

Алим: Секако, имаме и нови планови за во иднина. Можно е за празникот Божиќ да има изненадување, но засега нека биде како најава. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Клубот за подводни дејности Охрид и Здружението „Аматер“ добитници на Повелбата – Патрон на градот „Свети Климент Охридски“
Next Понеделник, 9-ти декември е неработен за сите граѓани на Република Македонија

Слични вести

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици
1 min read

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон
1 min read

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.