Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Брисел, 9. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Европската унија се обврза да им даде помош на балканските земји, како и на оние кои се во соседство на Сирија и кои се соочуваат со бегалската криза.
Унијата повика и на поголема соработка со цел подобра „поделба на товарот“.
– Мораме да ги здружиме силите за да се соочиме со проблемот што ќе продолжи и ќе биде тежок, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.
На конференцијата „Источен Медитеран, Западно балкански пат“, посветена на масовниот прилив на мигранти и бегалци од Средниот исток учествуваа министрите за внатрешни работи и правосудство на Европската унија, Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Турција, Либан и Јордан. Могерини ги повика сите страни да пронајдат заеднички решенија за заедничкиот предизвик.
– Тоа не е само европска, туку и регионална и глобална криза, изјави таа.
Во заедничката декларација, Унијата вети помош, но побара и отворање нови центри за регистрирање на бегалците, поефикасно управување на границите и поголема борба против шверцот на мигранти. Пред конференцијата во Луксембург Европскиот совет одобри дополнителни 17 милиони евра за Македонија и Србија како помош за справување со бегалската криза.
– Ова е важен сигнал за континуирана европска солидарност, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. (Крај)
извор: Р.С.Европа фото: архива
