Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Затворениот базен во Охрид се гради скоро исто колку и автопатот, едно време се размислувало и за пренамена во болница

Затворениот базен во Охрид се гради скоро исто колку и автопатот, едно време се размислувало и за пренамена во болница

1 min read

Охрид, 26. јули 2023 (ИНПРЕС) – Едно време некој дури сметаше дека не ни треба затворен базен, дека требало да се гради на таа локација болница, изјави синоќа градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков во емисијата „За или против“ на националната телевизија Алфа.

– Иста е состојбата со автопатот, кој отпочна да се гради скоро во исто време како и базенот. Двете работи се потребни, Охрид е град на вода, децата сакаат да пливаат, но за тоа се потребни услови, конкретно за базенот. По преземањето на власта двете овие работи ќе бидат завршени, напомена Пецаков.

Во меѓувреме, работите на базенот во соседна Струга се во завршна фаза, а затворениот базен во Охрид е се’ уште недовршен и покрај слатките зборови и ветувања кои ги слушаме долги години.

Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски кон средината на август минатата година најави дека тогаш, од 1-ви септември ќе продолжат градежните работи на затворениот пливачки базен во Охрид и се очекува дека до март или април месец оваа, 2023 година тој да биде готов.

Работите биле запрени поради проблеми со изведувачот „Бауер БГ“.

Објектот започна да се гради во 2015 година, од страна на фирмата „Бауер БГ“ од Скопје. Првичниот договор предвидуваше овој спортски објект да биде завршен најдоцна до април 2018 година. Но, од тоа ништо. Потоа како следни крајни рокови беа зададени 2020, односно 2021 година…

Затворениот базен во Охрид е проект оставен како ветување за охриѓани веќе неколку децении наназад. Според најавите затворениот пливачки базен ќе биде енергетски ефикасен објект и ќе користи биотермални пумпи што ќе го направат неговото користење во зима далеку поевтино. Покрај двата базени ќе има трибини со капацитет од 500 седишта и посебен простор за новинари и вип ложа, како и помошни простории со спа и велнес центар.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ГФК Охрид Лихнидос на тест средба со Пелистер
Next SUPER Fresh music: Shakira & Manuel Turizo – Copa Vacía

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.