Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Здравје: Помалку седење, помалку болки во грбот

Здравје: Помалку седење, помалку болки во грбот

1 min read

Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Помалку време поминато во седење или лежење може да биде добар начин да се спречат болките во грбот, покажуваат резултатите од студијата која фински истражувачи го објавија во списанието BMJ Open.

Според истиот извор, луѓето со силни болки во грбот, кои седат помалку секој ден имаат помала веројатност за зголемување на болките во грбот.

– Ако сте склони кон болки во грбот или премногу седите и сте загрижени за здравјето на грбот, можете да размислите за начини како да го намалите времето што го седите на работа или во слободното време, советува авторката на студијата Jooa Norha од Универзитетот во Turku.

Од испитаниците било побарано да седат 40 минути помалку од претходниот ден

Неговата истражувачка група дошла до заклучок дека не е направено многу за истражување на влијанието на продолженото седење врз здравјето на грбот и болките во грбот. Во студијата учествувале 64 луѓе со прекумерна тежина со фактори на ризик за срцеви заболувања. Од нив било побарано да го намалат времето што го поминуваат седејќи за 40 минути секој ден. Сите испитаници имале одредено ниво на болки во грбот пред почетокот на студијата.

Истражувачите заклучиле дека по шест месеци „интензитетот на болките во грбот значително се зголемил во контролната група во која испитаниците не седеле помалку, додека во групата која седела помалку, интензитетот на болката останал непроменет или бил намален“.

Иако не утврдиле дали физичката активност и помалку седење или лажење може целосно да ја елиминира болката во грбот, тие заклучиле дека испитаниците имаат помали шанси да развијат поголема болка во грбот.

– Сепак, не е доволно само да стоиме; нивната препорака е да се движите што повеќе, пишува Health Day. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

Post navigation

Previous Да го оживееме стариот Охрид: „Видео“ од лебарата на Жито леб кај радио Охрид
Next SUPER Fresh Music: Joe Jonas – Music For People Who Believe in DNCE

Слични вести

НП Галичица објави ценовник за влез, посета и користење на нивните услуги НП Галичица објави ценовник за влез, посета и користење на нивните услуги

НП Галичица објави ценовник за влез, посета и користење на нивните услуги

Водостојот на Охридското Езеро за 6 сантиметри над јунскиот просек Водостојот на Охридското Езеро за 6 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Водостојот на Охридското Езеро за 6 сантиметри над јунскиот просек

Охрид авионски се поврзува со Вроцлав и Катовице – летовите почуваат од 7 односно 9 јуни Охрид авионски се поврзува со Вроцлав и Катовице – летовите почуваат од 7 односно 9 јуни
1 min read

Охрид авионски се поврзува со Вроцлав и Катовице – летовите почуваат од 7 односно 9 јуни

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.