Загреб, 12. септември 2016 (ИНПРЕС) – Хрватите вчера гласаа на парламентарни избори, втори за помалку од една година.
Неофицијалните резултати покажуваат дека и натаму ќе трае политичката неизвесност. Според излезните анкети, нема јасен победник од гласањето кое беше закажано откако десничарската влада предводена од Хрватската демократска заедница само по шест месеци пропадна, парализирана од расправии. ХДЗ освои 61, а Народната коалиција околу Социјалдемократската партија доби 54 места, а Мост 12 места во парламентот од 151 пратеници. (Крај)
извор: Р.С.Европа фото: архива
