Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Во Охридското езеро пливаат и фекалии, но тоа не влијае на квалитетот на водата, Пецаков вели колекторскиот систем не функционира само на неколку точки

ИЈЗ: Во Охридското езеро пливаат и фекалии, но тоа не влијае на квалитетот на водата, Пецаков вели колекторскиот систем не функционира само на неколку точки

Охрид, 18. јули 2023 (ИНПРЕС) – Резултатите од спроведените анализа на водата во Охридското Езеро во периодот јануари – јуни оваа година истата ја класифицираат како одлична, но и понатаму перзистираат објектите од последните години наназад кои не се вклучени во колекторскиот систем, а претставуваат потенцијални загадувачи, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) што се однесува на квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење и проценка на здравствениот ризик во време на летна сеозна.

– Објекти на потегот од хотел „Десарет“ до Св Наум се приклучени на канализациониот систем кој е изграден во Св. Наум 2013 година, но истиот не функционира. Имено во фазата на третман на отпадни води постои само дробилица за фекалните материи, но не постојат филтри и нема хлорирање на отпадната вода пред испуст во езеро при што претставува директен загадувач на езерото е наведено меѓу другото во извештајот.

Додаваат дека е присутно испуштање на санитарни и фекални води директно во речните корита од одредени приватни куќи. Но, бидејќи станува збор за езеро со значителен број на извори, постојано струење на вода, голема водна маса со способност за самопречистување, ова загадување не предизвикува големи промени во класата на водата.

По однос на резултатите од овие анализи, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков во изјава за телевизија Телма рече дека реалноста е дека најголемиот дел од крајбрежјето што е под територија на Општина Охрид е покриен со колекторскиот систем и функционира, а истото го покажуваат испитувањата на ЦЈЗ Охрид пред почеток на сезона, освен на неколку точки каде езерото не е покриено.

– Над 95 % од местата каде туристите уживаат и се рекреираат езерска вода е од прва класа. Колекторот генерално ја врши работата, ние имаме проблем онаму каде нема тотална покриеност од колекторот. Минатата и оваа година за дел од местата добиени се одобренија покрај изработката на проекти, а за дел, како за Љубаништа ќе биде нарачан проект во октомври по што ќе следи одобрение за изградба на колекторот и целосно покривање на териториата на крајбрежјето што припаѓа на Општина Охрид. Проблеми за функционалноста на колекторот конкретно за дел од територијата што ја покрива што не е посебно одвоен колекторскиот систем, туку има место каде се меша со атмосферска вода, тоа е затоа што не е изградена атмосферска мрежа на одредени места и сето тоа треба да биде завршено, потенцира Пецаков.

Додава дека за одредени зафати потребна е и државна помош, а токму тоа се случува за точките каде е потребно.

– Моментално, имаше повик од министерство за животна средина, ние имаме завршено проект на кој извадивме и одобрение, ние како локална самоуправа, тоа е за покрвање на селата Долно и Горно Лакочереј со примарна и секундарна фекална мрежа која понатаму нема да биде дел од сливното подрачје, бидејќи преку реката и начинот на кој функционирале досега овие села се загадувало езерото. Во јануари беше презентиран проектот за изградба на пречистителна станица во Трпејца и тоа ќе оди во фази, дел ќе сработи општина, дел жибвотна средина и останува уште Љубаништа, истакна Пецаков.

Во заклучната оценка во извештајот се вели дека површинската вода од Охридското Езеро се класифицира како одлична и може да се користи за капење и рекреација како и за спортови на вода. (Крај)

извор: ИнПрес/ТВ Телма фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Од почетокот на годинава заклучно со мај Охрид го посетиле вкупно 72.682 домашни и странски гости
Next Македонски иселенички фолклорни групи учествуваа на фестивал во Охрид

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.